МАКЕДОНИЈАААААА!!!!!!!!
Македонија, или официјално Република Македонија, е држава сместена на Балканскиот полуостров. Земјата е една од следбеничките држави на поранешната Југославија, од која прогласи независност во 1991 година. Република Македонија зафаќа околу 38% од вкупната површина на регионот Македонија. Географски земјата граничи со Србија (и Косово) на север, Бугарија на исток, Грција на југ и Албанија на запад. Релјефот на државата е главно планински. Иако континетална држава, таа има повеќе од 50 езера и шеснаесет планини повисоки од 2,000 метри.
Археолошките наоди покажуваат дека на просторот на Македонија постоела цивилизација уште од периодот меѓу 9000 п.н.е. и 3500 п.н.е. Првпат Македонското Кралство се појавува во периодот на IX век п.н.е.
Приближно од V век п.н.е. Кралството Македонија станува значаен политичко-економски чинител во поширокиот регион, а негова главна надворешно-политичка дејност била сосредоточена кон односите со Грчките градови-држави, при што често било сојузник со други држави (како на пр. Персија) против Грците, или пак заземало страна во некои од меѓусебните спорови на градовите, настојувајќи на тој начин да го уништи нивното единство и да ги ослаби. Филип II Македонски (359 п.н.е. - 336 п.н.е.), по покорувањето на Илирите и Тракијците, успеал да ја освои цела Грција. Неговиот син, Александар III Македонски (356 п.н.е. - 323 п.н.е.) е една од најзначајните личности во светската историја. Тој најпрвин го скршил внатрешниот отпор во проширеното Македонско Кралство, а подоцна во походот против Персија, ја уништил огромната Персиска Империја и ја проширил македонската држава на три континенти - Европа, Азија и Африка, протегајќи се на Балканскиот Полуостров и Мала Азија, Блискиот Исток, Египет и Индија, и со тоа била создадена Македонската Империја.
По неговата смрт, оваа огромна империја, како резултат на несогласувањата на неговите генерали (дијадоси) околу тоа кој ќе биде негов наследник се распаднала на 3 дела и тоа: Кралство на Селевкидите, Кралство на Птолемаидите и Кралство на Антигонидите.Освојувањата на Александар III Македонски имаат суштествено значење за започнувањето на Хеленистичкиот период во светската историја.
Продорот на Римска Република на исток доведува до таканаречените Македонско-римски војни (215 п.н.е. - 168 п.н.е.) во кои Македонското Кралство управувано од Династијата на Антигонидите целосно потпаѓа под римска власт, а последниот македонски крал Персеј e одведен како роб во Рим. Таа станува римска провинција како дел од Римското Империја и е поделена на 2 дела - Македонија Прима и Македонија Салутарис. Територијата на денешна Република Македонија била поделена меѓу провинциите Македонија Салутарис и Моезија прима. По поделбата на Римската Империја во 395 г. од н.е. на Источно и Западно Римско царство, Македонија станува дел од Источното Римско царство или Византија.
На седум километри од Струмица се наоѓа селото ВЕЉУСА, село со околу 2000 жители. Најпознато бележје на ова село е манастирот подигнат во 1078 година посветен на Богородица. Овој манастир е едно од главните туристички атракции во регионот на градот Струмица.